Возило излета од патот – две млади момчиња итно пренесени во болница

На 27.11.2025 во 01:47 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Ресен-Прилеп патничко возило „сеат леон“ со

демирхисарски регистарски ознаки управувано од В.И.(18) од Демир Хисар излетало надвор од коловозот и удрило во метална заштитна ограда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од с. Журче, демирхисарско констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде