Драматични снимки од Крива Паланка: Уапсен сопственикот на кравите

Попладнево е уапсен сопственикот на кравите кои уништуваат приватен имот ширум Крива Паланка и го загрозуваат сообраќајот во околината.

Сопственикот е уапсен затоа што се заканувал по живот на повеќемина граѓани кои трпеле штета од неговиот добиток.

Неговите ќерки се обидоа да ја спречат полицијата да го уапси нивниот татко кој и самиот е поранешен полициски службеник.

Сепак ниту полицијата, ниту државата не успеа да се справи со самиот добиток кој благодарение на сопственичките беше ослободен и понатаму слободно се шета и го загрозува имотот и животите на паланчани.

Ова значи дека најгорливиот проблем за паланчани останува, а тие и натаму ќе трпат штета по своите имоти и ќе биде загрозена нивната безбедност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде