Газда Деко не се чувствува за виновен за пожарот во „Пулс“

Со произнесување за вина и воведни зборови на одбрната денеска продолжи главната расправа за случајот „Пулс“.

Првообвинетиот Дејан Јованов, на прашањето на судот „дали го разбирате обвинението што ви се става на товар“ одговори „знам и јасно ми е за што сум обвинет“,

На прашањето дали се чувствувате виновен за кривичните дела што ви се ставаат на товар одговори „не се осеќам виновен за овие кривични дела што ми се ставаат на товар“.

Неговиот син, Михаил Јованов кажа дека не се чувствува виновно за делата што му се ставаат на товар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде