Се случи она од што најмногу се стравуваше: Миле Тодоров од Неготино е пронајден починат

Семејството на 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, кој исчезна во јануари годинава, соопшти тажна вест – Миле е пронајден починат.

Неговата сестра Марија преку социјалните мрежи се прости од братот: „Летај со ангелите, мило наше. Нашите срца ќе останат празни без твојот глас, љубов, добрина, насмевка…

Болната е голема, но спомените за тебе ќе останат вечни во нашите срца. Почивај во мир и спокој.“

Погребот ќе се одржи на 5 декември (петок) од 12 до 13 часот.

Семејството и пријателите ќе се збогуваат од Миле, оставувајќи го неговиот спомен жив во нивните срца.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде