УХМР објави мапа со ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Еве каде ќе падне најмногу дожд

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утре територијата на државата ќе биде под влијание на циклонска активност, која ќе донесе облачно време со врнежи од дожд. Дождот насекаде ќе биде присутен, а најобилни врнежи се очекуваат во јужните делови, каде локално може да наврнат над 40 литри на квадратен метар за 24 часа.

Во сабота врнежите ќе продолжат локално, особено во јужниот регион, но попладне постепено ќе престануваат. Од недела се најавува стабилизирање на времето, со пониски утрински температури, додека дневните ќе почнат да се зголемуваат.

Во Скопје, утре се очекуваат врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поинтензивни. Во сабота дождот ќе биде со послаб интензитет и ќе прекине во попладневните часови.

МЕТЕО АЛАРМ ЗА УТРЕ ( 05.12.2025): Насекаде ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови, каде локално се очекува да наврнат над 40 l/m² за 24 часа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде