Фејсбук реакцијата на Заев ви ја пренесуваме во целост:
Никола,
Тебе навистина ти е досадно, нели?! Читам денес дека си почнал и да се разубавуваш:) Човеку, ти навистина не знаеш што да правиш со самиот себе.
Само да ти кажам, овие твоите те слушаат, гледам дека секојдневно им делиш задачи. Знам, контролата од далечина ти е малку тешка.
Можеше да ја одлежиш казната, тоа малку што ти го дадоа, бидејќи да бев јас некој друг и да се мешав во правосудството, ти ќе добиеше многу повеќе. Но, јас не сум како тебе и твоите, јас сепак се борев за слободна и демократска Македонија.
Да ја одлежеше тогаш казната и да покажеше достоинство кон народот на Македонија, денес ќе можеше од тука, од Македонија, да зборуваш пред нашата јавност, наместо од бегство да пишуваш епопеи за кои тука се тера мајтап дека никој не може и не сака да ти ги дочита до крај.
За разлика од тебе, неуспешниот и поразен “боксер”, ние пред политиката се занимававме со сопствена работа, и тоа успешно. А сега, кога скоро пет години сум во политичка пензија, нема ден да не ме спомнете. Толку ли комплекси сте си натовариле?
За разлика од тебе, којшто се капеш во украдените парите на граѓаните на Македонија, јас достоинствено работам и своето време и натаму ќе го трошам на работа, а не на серијали писанија посветени на тебе. Тоа значи дека ова е една од ретките прилики кога го добиваш повторно моето внимание.
Затоа, ти предлагам, најди си нешто да работиш. Не мислам да работиш за да заработиш, тоа го имаш оти безобразно и развратно крадеше. Туку мислам на тоа да си најдеш некое хоби, занимација, да ти “годи” додека се разубавуваш. Научи ли гулаш да правиш?:)
За крај,
Се надевам и верувам дека ќе дојде денот кога ќе се појавиш во Македонија, а добро знаеш каде ќе треба директно да одиш.
За да разбереш:
Јас жеден да сум, Русија капка вода нема да ми даде, а камоли бизнис да ми даде. До свидания Никола !
Поздрав од Македонија, полноправна членка на НАТО !

