Утрово пристигна убава вест: 20.000 субвенција за клима уреди – еве кој може да аплицира

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги потпиша решенијата за исплата на субвенциите, согласно Јавниот повик на кој аплицираа жителите на Град Скопје.

– Со оваа мерка ги поддржуваме домаќинствата што инвестирале во набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди во 2025 година, кои ќе носат пониски трошоци, повисока енергетска ефикасност и значително подобри услови за живеење.

Со инвестирање во клима уреди, правиме чекор напред кон почиста и поздрава животна средина. Со намалена потрошувачка на енергија и пониско ниво на емисии, тие директно придонесуваат кон заштита на воздухот и создавање поеколошко и одржливо Скопје, истакнува Ѓорѓиевски.

Градот Скопје ќе им ги надомести трошоците за набавка на уредот во износ до 20.000 денари по домаќинство, во нето износ, а данокот на личен доход целосно ќе го покрие градот.

Во периодот што следи, ќе продолжиме со нови јавни повици за субвенции, со цел да го олесниме секојдневието на нашите сограѓани и да го направиме нашиот град подобро место за живеење, најави градоначалникот на градот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде