Доаѓа силен студен бран и врнежи од снег – ЕВЕ КОГА

Следната седмица целиот Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, ќе биде зафатен од значително потопло време од вообичаеното за месец декември.

Метеоролозите најавуваат температури повисоки и за повеќе од 10 степени над просекот, кои во делови од земјава може да достигнат, а дури и да надминат 20°C.

Периодот ќе биде стабилен, сув и сончев, без најавени врнежи. Причината за невообичаеното затоплување е продор на топла воздушна маса од југ и формирање на антициклон кој ќе го одржува висок воздушниот притисок над регионот.

Сепак, метеоролозите предупредуваат дека во котлинските области може да се појават магла и ниска облачност, која на места ќе се задржи во текот на целиот ден. Во таквите региони температурите ќе бидат пониски од оние на повисоките и отворени места.

По ова „лажно пролетно“ време, во третата декада на декември се очекува драстична промена.

Според актуелните прогнози, кон 27 и 30 декември можно е пристигнување на силен студен бран кој би можел да го означи почетокот на вистинската зима.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде