Снег вечерва во Македонија

Дел од Србија е веќе покриен со снег, а во текот на ноќта, снежниот бран се спушта во Јужна Србија и доаѓа кон Македонија.

Се очекува до крајот на денот снежните врнежи да се интензивираат во јужните и југоисточните предели на соседната земја.

На удар на снежната бура ќе бидат околината на Ужице и Нови Пазар, како и целата Шар Планина, каде што во следните два часа се очекува значително засилување на снежните врнежи и влошување на временските услови.

Ако малку снежна радост не ви носи посебна радост, еве една убава вест од нашиот метеоролог Славчо Попоски. Според неговите прогнози пак, следната недела може да очекуваме пролетно време и сонце на планините.

„Што да се каже, освен како да чекаме пролет, а не зима“-вели Попоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде