Пронајден починат маж – телото дадено на обдукција
Во СВР Велес вчера во 12:35 часот било пријавено дека во помошна просторија од неговиот дом во Велес е пронајден починат 70-годишниот П.Т.
Според информациите од полицијата, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
На местото извршен е увид од екипа на СВР Велес.

