Се запали камион – првични информации!

Камион целосно беше зафатен од оган во селото Косевица, а екипите на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица веднаш интервенираа на терен.

Два пожарникарски тимови со две возила пристигнале навреме и успеале да го локализираат пожарот пред да се прошири и да предизвика поголема штета.

Благодарение на нивната брза реакција, огнот бил целосно изгаснат за кратко време.

Во инцидентот нема повредени лица, а причините за избувнувањето на пожарот ќе се утврдуваат дополнително.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде