Страотна несреќа – Пожарникари ги сечеа возилата за да спасат животи

Фото: Архива

Три лица се тешко повредени во сериозна сообраќајна несреќа на регионалниот пат село Караорман – Штип, на потег познат како една од најопасните „црни точки“ во регионот.

Несреќата предизвика целосен прекин на сообраќајот од 19:35 часот.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а пожарникари интервенираа за извлекување на повредените од возилата. Сите тројца се пренесени во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош.

Патниот правец Караорман – Штип е со години познат по честите сообраќајни несреќи, поради што властите апелираат на внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде