61-годишен скопјанец е тешко повреден во сообраќајка меѓу „шкода“ и „ауди“ на скопска улица. Има и полесно повредени лица.
– На 08.12.2025 во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(32) од Скопје, патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од У.Б.(36) село Жубрино, кичевско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.П.(61) од Скопје, сопатник од возилото „цитроен“, додека со телесни повреди се здобиле возачот У.Б. и сопатничка од возилото „ауди“ Ф.Б.(32) од с.Жубарино, кичевско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Општата болница Кичево.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

