Исчезна 13-годишно девојче, мајката бара помош од полицијата

Пријавено исчезнување на 13-годишно девојче од Скопје

Тринаестгодишно девојче од Скопје е пријавено за исчезнато ноќеска, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, во Полициската станица Бит Пазар на 10 декември 2025 година, во 00:30 часот, 46-годишната Ѓ.А. од Скопје пријавила дека нејзината малолетна ќерка М.У. се оддалечила од семејниот дом и оттогаш не се вратила.

„На 10.12.2025 во 00:30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ѓ.А.(46) од Скопје пријави дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка М.У.(13) од Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде