НАЈНОВА ВЕСТ: Кривична пријава за Оливер Спасовски

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешниот минстер за вантершни работи,

а сега актуелен пратеник на СДСМ /Оливер Спасовски, поради основано сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластувањето“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според пријавата, Спасовски, додека во 2021 година ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи, ја искористил службената положба и овозможил на правен субјект – станица за технички преглед во општина Сарај – да се стекне со противправна имотна корист во износ од 5.565.927 денари.

Тој наводно го сторил делото така што не донел решение за одземање на овластувањето за вршење технички преглед, иако надлежната организациска единица за граѓански работи доставила предлог за тоа.

Иако бил должен да постапи најдоцна во рок од 15 дена од приемот на предметот, О.С. не ја извршил службената обврска, спротивно на член 65 став 3 од Законот за возила и член 5 од Правилникот за начин и постапка за издавање и одземање овластување за технички преглед на возила.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде