Страотна сообраќајна несреќа – три млади лица со тешки повреди итно пренесени во болница

Три млади лица се тешко повредени во сообраќајката што се случи вчеравечер на регионалниот пат Плачковица-Штип. 

– На 09.12.2025 во 19:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Плачковица-Штип, кај с.Стар Караорман,

патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.Б.(24) од Република Турција, со престој во Штип, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците С.Б.(18), У.К.(24) и Ј.Б.Т.(27), сите од Турција, со престој во Штип, констатирани во Клиничката болница Штип, соопштија од МВР во дневниот билтен. 

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде