УДАРНА ВЕСТ: Нападната редакцијата на Инфомакс среде емисија – интервенираше полицијата

Околу полноќ додека во живо „течеше“ поткастот Тешки муабети со Александар Митовски, Милош Милошевски и Стевче Јакимовски и штотуку најавија дека преминуваат на актуената тема со мигрантите главниот уредник Митовски побара да ја прекинат емисијата оти некој тропа на вратата на студиото.

Александар (Мечка) и Милош (Мичо) на почетокот на емисијата кажаа дека вообичаено пред студиото и куќата на Митовски во која е и студиото постојано има како што тврдат лица кои ги следат, а претходната вечер кога завршиле околу 1.15 по полноќ пред студиото имало две лица во возило „ауди“ кои ги сликале, а кога отишле да ги прашаат што бараат тие без одговор заминале.

Лице за кое тие тврдат дека е „партиска будала“ ја скрши вратата на студиото, а тие веднаш ја прекинаа емисијата и кажаа дека едно лице од нападот успеале да го задржат и повикале полиција, вели Митовски.

На фејсбук се огласи сопственикот и главен уредник на популарниот поткаст Александар Митовски и напиша „Партиска будала само што насилно влезе во редакцијата на Инфомакс и во мојот дом.

Се е снимено, и нападот и упадот и насилството. Дечките од полиција брзо реагираа. За се останато, ќе ја тераме до крај. Продолжуваме со емисијата по полициските процедури“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде