инистерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2025 година.
Корисниците кои поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките,
како и да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, со почеток од денеска, 12 декември 2025 година.
За да се избегне метеж пред и во банките, корисниците кои не користат картички ќе добијат исплата во две групи, во сите отворени филијали и експозитури на банките, според азбучниот распоред по првата буква од презимето:
- 12.12.2025 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
- 15.12.2025 – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Министерството нагласува дека со овој распоред се овозможува редовна и безбедна исплата на правата за сите корисници.

