Шест лица се приведени во прилепско поради сомнение за „незаконит лов“, откако полициски службеници на 11 декември околу 15:30 часот извршиле контрола на патот Витолиште–Прилеп, на местото викано паркинг Штавица.
Приведени се С.А. (46), Х.Ј.Ј. (48), П.Т. (46) и 16-годишник – сите со шведско државјанство, како и Д.М. (76) од Кавадарци и К.М. (66) од Прилеп. Сите се сомничат за кривично дело по член 228 од Кривичниот законик – „незаконит лов“.
При преглед на возило „мерцедес“ со шведски регистарски таблички, управувано од С.А., полицијата пронашла шест ловечки пушки и пакување со свежо месо исечено на парчиња.
Приведените се задржани во ОВР Прилеп, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

