Осум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Гостивар–Тетово, веднаш по клучката „Камењане“.
Во несреќата учествувале возило „мерцедес“ и „БМВ“.
Повредените лица се пренесени со возила на Итната медицинска помош во Клиничкиот центар во Тетово, каде што им е укажана лекарска помош.
Засега нема официјални информации за тежината на повредите.
Надлежните служби извршија увид на местото на настанот, а причините за сообраќајната несреќа се утврдуваат.

