Поголема карпа, падната на коловозот утрово, предизвика отежнато движење по патниот правец Охрид-Св. Наум, на потегот над селото Трпејца.
Според локалните жители, настанот најверојатно се случил нешто пред 07:00 часот, и според фотографиите, патниот правец е скоро блокиран, а има оштетувања и на самиот коловоз.
Од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ) информираат дека од 06.30 часот на патниот правец Р1301 Охрид-Св. Наум,
на потегот од селото Трпејца кон Св. Наум, сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради одрон.

