Поради појава на магла, видливоста во околината на Дебар е намалена до 50 метри, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, со претежно суви коловози, додека надвор од градските средини интензитетот на сообраќај е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува возачите да се движат со прилагодена брзина, да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои ризик од одрони.
Посебна внимателност се советува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

