Страотна несреќа: Се судрија трактор и автомобил – има повредени

На 16.12.2025 во 17:45 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на магистралниот пат Прилеп- Градско, во близина на Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки,

управувано од Х.С.(32) од с.Манастирец, општина Росоман и трактор „имт 539“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка, управуван од А.Ѓ.(47) од с.Росоман.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Х.С., а со телесни повреди се здобил А.Ѓ., констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде