Голема полициска акција: Претреси на повеќе локации – уапсен функционер од ДУИ

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја потврдуваат акцијата која од ноќеска се врши низ повеќе локации во државата.

-Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомневање за сторени кривични дела од финансиско економска природа.

Повеќе детали ќе бидат споделени по завршување на теренските активности, информираат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Како што веќе објавивме, во полициската акција е уапсен и Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги. Заедно со него уапсени се уште неколкумина.

Бујар Дарлишта е кадар на ДУИ, кој во изминатите години извршувал повеќе раководни функции во државната администрација. Најпознат е по мандатот како директор на Управата за водење на матични книги, а подоцна беше именуван и за управител во ЕСМ Дистрибуција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде