Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на бензините кои ќе важат од вечерва на полноќ.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 2 денари, и од утре ќе изнесува 71 денар по литар.
Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ исто така се намалува за 2 денари, и од утре ќе изнесува 73 денари по литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува непроменета, односно 66,5 денари по литар.
Иста останува и цената на екстралесното масло за домаќинство, 65,5 денари по литар, додека мазутот исто ќе се продава по стара цена, односно 32,6 денари за килограм.

