Овие граѓани да си ги проверат сметките, денеска им се исплатени по 12.000 денари

Росоман исплати по 12 илјади денари на родители кои имаат новороденче, информираше попладнево росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски на Фејсбук. 

„Денес беше извршена исплата од по 12.000 денари на сите родители кои имаа поднесено Барање за новороденче.

Општина Росоман ќе продолжи со оваа мерка и во наредниот период, а во рамки на можностите ќе работиме и на зголемување на износот, со цел уште поголема поддршка за младите семејства.

Грижата за најмладите е инвестиција во иднината на Општина Росоман“, напиша Крстевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде