ОВР Струга поднесе кривична пријава против Г.М.(48) од селото Подмоље, општина Дебрца,
поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.
На 30.10.2025 на улица „Маркс Енгелсова” во Струга, тој од возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал,
од пиштол „Взор“ калибар 7,65 мм, испукал неколку куршуми кон стан во сопственост на Д.М. од Струга.

