Доаѓа вистинска зима: Славчо Попоски со најнова временска прогноза

Особено ова што ќе го изјавам сега за јавноста најмногу ќе се израдуваат младите а тоа е дека барем од она што постојано го следам на прогностичките материјали и е многу интересно е тоа дека на прагот од новата 2026 година очекуваме снежна идила  во Македонија  и пообилни врнежи од снег и вистинско зимско време.

Секако сеуште се работи за неофицијални анализи и промени во истите ќе има  но какви промени ќе има тоа останува да видиме што ќе кажат прогностичките материјали во понатамошните нови ажурирања.

ДАЛИ НА ПОВИДОК Е СНЕГ НА ПРАГОТ ОД НОВАТА ГОДИНА !

Според метеограмот за Скопје (оригинална креација на авторот) за ден 20 Декември добиен со ,ML прогноза (AIFS) истиот прикажува околу 95 % веројатност за појава на магла во Скопје.

Но она што е навидум најинтересно, особено за младите, е веројатноста за снег, следниот ден од Новата 2026 година. Да веруваме дека преценките ќе се остварат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде