Пет лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила денеска (20.12.2025) околу 16:20 часот на автопатот Скопје–Велес, во близина на Петровец.
Според информациите, во несреќата учествувале две патнички моторни возила.
Повредените лица со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во здравствени установи во Скопје, каде им е укажана соодветна лекарска помош.
На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на причините за сообраќајната незгода.

