Тажна вест за ракометна Македонија и за спортот воопшто.
Почина Новко Георгиевски, поранешен селектор на женската младинска репрезентација на Македонија, објави Спорт Спорт.
Георгевски подолго време се бореше со тешката болест, и затоа извесно време беше надвор од ракометот, но денеска ја изгуби битката со подмолната болест.
Покрај тоа што беше селектор на младинките, Новко Георгиевски беше тренер и во екипите на Кале Кичево, Стружанка, Кабран Амбачажа, како и на машката екипа на Куманово.
Извор: sportsport.mk

