Започнуваат врнежите од снег: УХМР утрово со најнова вест

Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

опладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд.

На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.

Под влијание на влажни воздушни бранови од денес и во следните два дена (24.12 и 25.12.) ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег при што ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 cm. Поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде