Фејсбук реакција на СДСМ Штип:
НОВ УДАР ВРЗ ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ!
Локалната власт на ДПМНЕ преку нивното мнозинството советници во Советот на општина Штип планира да го зголеми надоместокот за престој на децата во детските градинки на 2000 денари, односно покачување од цели 34%.
Ова доаѓа во момент кога:
нема зголемување на минималната плата,
трошоците за живот растат од месец во месец,
покачување на струјата.
Семејните буџети на штипјани се веќе сериозно оптоварени.
Наместо поддршка за младите семејства и децата, добиваме нови давачки и товар врз граѓаните.

