Пристигнаа први фотографии: Падна снег во делови од Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Намалена видливост до 50 метри поради магла утрово има на планинскиот премин Стража, а слаб снег проверјува на Попова Шапка.

Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Славчо Попоски ги објави првите фотограафии со снежна покривка во Македонија.

Ски центрите Попова Шапка и Маврово денес (24 декември среда) под снежна покривка

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде