МВР информира дека вчера попладне во 13:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с. Градец, во с. Врапчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со чешки регистарски ознаки,
управувано од Ј.Р.(50) од с. Врапчиште, гостиварско и патничко возило „шкода“ со хрватски регистарски ознаки, управувано од А.И.(30) од с. Врапчиште, гостиварско, кои по инерција удриле во двајца пешаци Ј.Р.(26) и Ф.А.(22), двајцата од с. Врапчиште, гостиварско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ј.Р., додека Ф.А. со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

