Извлечено е машко тело од реката Вардар.
Имено, Вчера по 14 часот, во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на реката Вардар, во атарот на село Трубарево, скопско, е пронајдено и извлечено тело на машко лице.
По извршена проверка, утврдено е дека станува збор за 71 годишен скопјанец, за кого, претходниот ден било пријавено дека исчезнал.
На местото на настанот извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

