Најмалку десет лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа во источната мексиканска држава Веракруз, соопштија локалните власти.
Несреќата се случила во среда во градот Зонтекоматлан, додека автобусот патувал од Мексико Сити кон селото Чиконтепек.
„Моментално потврдивме дека девет возрасни лица и едно дете починаа“, соопшти канцеларијата на градоначалникот на Зонтекоматлан.
Сообраќајните несреќи, во кои учествуваат автобуси или камиони, се чести во Мексико. Тие често се предизвикани од пребрзо возење или механички дефекти.
Кон крајот на ноември, десет лица загинаа, а 20 беа повредени во слична несреќа во Мичоакан.
🚨 Eight dead and 19 injured in horror crash after bus plunges 600ft & flips down embankment in Mexico pic.twitter.com/7TVSKPFrRG
— News.Az (@news_az) December 25, 2025

