Полицијата во акција – приведени девет лица

Полицијата во акција – приведени девет лица

Полициски службеници од СВР Скопје во текот на ноќта меѓу 26 и 27 декември 2025 година лишиле од слобода девет лица на различни локации во градот, поради сомнение за поседување наркотични средства.

Меѓу приведените се Б.М. (27), В.К. (46), Е.Ќ. (31), А.П. (28) и В.Н. (28), сите од Скопје, како и Д.Т. (31) од село Булачани, скопско, Б.И. (36) од Гостивар, Е.Х. (35) од село Отља, липковско и Е.Е.Г. (20) од Турција, со престој во Скопје.

При полициските контроли кај лицата биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, марихуана и дробилка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде