Пристигна убава вест: Овие граѓани да си ги проверат сметките – власта изврши исплата

Пристигна убава вест: Овие граѓани да си ги проверат сметките – власта изврши исплата

Министерството за земјоделство денеска соопшти дека е реализирана исплата на вкупно 39.065.031 денари на 663 оризопроизводители.

Средствата се однесуваат на финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачките центри за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година.

Со оваа исплата се опфатени сите производители од минатата реколта, обезбедувајќи дополнителна поддршка и стимул за развој на производството на ориз во земјата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде