Силен земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтер – еве каде е епицентарот

Силен земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала е регистриран покрај брегот на Тајван, соопшти метеоролошката служба на островот, пренесуваат светските агенции.

Епицентарот на потресот се наоѓал на околу 63 километри југоисточно од градот Килунг, со приближно 397.000 жители, на длабочина од 73 километри, јавува БТА.

Засега нема информации за повредени лица или материјална штета, а надлежните служби не издадоа предупредување за цунами.

Од Националната противпожарна служба информираат дека е започната проценка на можните последици од земјотресот.

Тајван се наоѓа во сеизмички активна зона, во близина на пресекот на две тектонски плочи, поради што земјотресите се релативно честа појава, потсетува Ројтерс.

Во силен земјотрес што го погоди јужниот дел на Тајван во 2016 година загинаа повеќе од 100 луѓе, додека во катастрофалниот потрес од 1999 година со јачина од 7,3 степени животот го загубија над 2.000 лица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде