Утрово тешка сообраќајна несреќа – првични информации

Утринава на патниот правец Охрид – Кичево, во близина на приклучокот кон селото Требеништа, се случила сообраќајна несреќа во која, според првичните неофицијални информации, учествувале повеќе возила. Засега нема официјални податоци за повредени или загинати лица.

Очевидци на социјалните мрежи споделуваат фотографии од местото на несреќата, додека надлежните служби сè уште не излегоа со официјално соопштение за причините и деталите од несреќата.

Сообраќајот на овој дел од патот е отежнат, а можно е и привремено пренасочување додека трае увидот. Апелира се до возачите да бидат внимателни, да ја приспособат брзината на условите на патот и да ги следат инструкциите на полицијата и службите на терен.

Очекуваат повеќе информации во текот на денот, по завршување на службените постапки и увидот на надлежните органи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде