Градоначалникот на Крива Паланка сподели убава вест:
Со голема радост споделувам дека на свечената седница на Советот на Општина Крива Паланка беше изгласана мерка за
еднократна финансиска поддршка од 15.000 денари за секое новороденче со пријавена адреса на живеење во нашата општина.
Ова е израз на нашата искрена грижа за сите сограѓани и вложување во сигурна и подобра иднина за Крива Паланка.

