Ужас во Македонија: Пијан таксист прегази девојче и избега 

Тешка сообраќајна несреќа вечерва ја потресе скопската населба Кисела Вода.

Според сведоштва на очевидци за 24инфо.мк, возач на такси возило, во видно алкохолизирана состојба, удрил младо девојче на тротоар и наместо да застане и да помогне, продолжил да вози.

Очевидците опишуваат вистински хаос: откако ја удрил девојката, таксистот изгубил контрола, удрил во комбе кај пиљарата „Шампионче“, а неговиот поход завршил дури пред вратата на градинката „Весели Цветови – Мимоза“ со целосно уништено возило и истечени течности.

„Ова се случи на тротоарот по кој наутро ги носиме децата“, раскажуваат потресените граѓани.

Екипи на Брза помош веднаш го пренеле повреденото девојче во болница.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде