Советот на Општина Македонска Каменица на денешната седница донесе одлука за прогласување тридневна жалост на подрачјето на општината, поради смртта на сограѓанката Симона Каранфиловска, информира градоначалничката Соња Стаменкова.
Како денови на жалост се прогласуваат 30 декември 2025, 31 декември 2025 и 1 јануари 2026 година.
Во овој период ќе бидат одложени сите настани од забавен карактер поврзани со новогодишните празници, а државните знамиња пред јавните институции ќе бидат спуштени на половина копје.
„Во овие тешки моменти, како општина сме обединети во тагата и сочувството. Упатувам искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите на Симона.
Нека почива во мир“, се наведува во соопштението објавено од градоначалничката Стаменкова.

