Полицијата со детали: Еве колку лица имало во автомобилот кој заврши во Треска

Полицијата денеска во 12:45 часот добила пријава дека на кањон Матка кај угостителски објект има превртено возило и истото се наоѓа во реката Треска.

Веднаш по пријавата полициски службеници излезени се на лице место при што констатирано е превртено патничко возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки сопственост на „рент а кар“ кое било на брегот и делумно навлезено во реката Треска.

-Возилото било управувано од О.И., а сопатници биле Ч.Б. и Е.Х. сите турски државјани.

Од страна на полициски службеници лицата се извадени од возилото и истите се изјасниле дека не им е потребна итна медицинска помош. Извршен е увид на местото на настанот, а возилото е безбедно извадено, велат од МВР.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде