Страотна сообраќајна несреќа – три лица пренесени во болница

Фото: Архива

Сообраќајна несреќа со повредени лица се случи изминатиот викенд во близина на Куманово, при што настрадаа три лица, меѓу кои и малолетник.

Инцидентот се случил во саботата околу 16:15 часот, на крстосница од магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, во населбата Карпош.

Според првичните информации, во судирот учествувале две патнички возила – „Дачиа“ со кумановски регистарски таблички, управувана од 58-годишен жител на Куманово, и „Сеат“ со регистарски ознаки од Крива Паланка, кој го управувал 27-годишен возач од селото Конопница.

Најтешки повреди претрпела 28-годишна сопатничка од Скопје, која се наоѓала во возилото „Сеат“. Кај неа лекарите констатирале сериозни телесни повреди. Со повреди се здобиле и возачот на истото возило, како и малолетен сопатник, кај кои биле утврдени телесни повреди.

Повредените лица биле пренесени и згрижени во Општата болница во Куманово, каде им била укажана медицинска помош. Надлежните служби извршиле увид на местото на несреќата, а причините за судирот се предмет на дополнителна истрага.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде