Пешак настрада изминатиот викенд во Скопје. Тешко е повреден и завршил на скопските клиники.
– На 27.12.2025 во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 53-годишната М.С. од Скопје, удрило во пешакот М.Н.(31) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираа од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

