Младо момче пронајдено тешко повредено во паркиран автомобил

Во струшката полиција вчера било пријавено дека во паркирано патничко возило „голф“ со охридски регистарски ознаки,

на локален пат во струшкото село Ливада, со повреди по телото бил пронајден Џ.Д.П. (40) од Охрид.

Повредениот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општа болница Струга, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде