НАЈНОВА ВЕСТ: СДСМ БАРА ГЕРОСКИ ДА БИДЕ ПРИВЕДЕН ВО ПОЛИЦИЈА

СДСМ соопшти дека поднел пријава во полиција за уредникот на Плусинфо Бранко Героски, поради, како што наведуваат, загрозување на сигурноста преку јавна закана.

„Пријавата се однесува на лицето Бранко Героски, новинар и главен уредник на порталот Плусинфо.мк, кој во свој авторски текст на порталот, но и преку објави на социјалните мрежи, упатува директни закана по животот и телесниот интегритет на членови на СДСМ, но и претседателот на партијата: ‘Ве чекам на нишан!’“, соопшти партијата.

Оваа закана, како што наведува СДСМ во пријавата, „во ниеден момент не може да се сфати пежоративно, ниту во било каков друг контекст, освен како директна закана од употреба на оружје“, при што таа е упатена неодредено.

„Пред објавувањето на заканувачкиот текст, во повеќе наврати Героски објавува креирани фотографии од себе со оружје на својот приватен Фејсбук профил, што, во комбинација со јавно изречената закана ‘Ве чекам на нишан’, сериозно ја зголемува загриженоста за можни последици“, се наведува во соопштението на СДСМ.

СДСМ оценува дека ваквото однесување претставува класично загрозување на сигурноста, казниво согласно Член 144 од Кривичниот законик, „кој се однесува на закана по живот или тело, особено кога е упатена јавно, преку медиуми, информатички систем и кон повеќе лица поради нивната политичка припадност“.

СДСМ очекува МВР да постапи професионално, итно и ефикасно, со цел, како што наведува, „превенција од евентуална реализација на заканите, заштита на животот и безбедноста на граѓаните, спроведување службен разговор со наведеното лице и преземање соодветни законски дејствија.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде