Комерцијална банка извести дека денеска се исплатени пензиите на пензионерите.
„Започнуваме со исплата на пензиите од вторник, 30 декември. Ако користите дебитна картичка, со вашата пензија ќе може да располагате истиот ден.
Користете ја безбедно и удобно – плаќајте безготовински во продавница или онлајн или, пак, подигнете пари од банкомат.
Ако повеќе сакате да ја подигнете пензијата во филијала или експозитура, ќе може да го направите тоа од 30 декември и во секој работен ден после тоа.“
Предвремена исплата изврши и АЛТА банка.
АЛТА Банка, во пресрет на новогодишните и Божиќните празници, обезбеди дополнителна погодност за своите клиенти пензионери. Денес, на 30 декември 2025 година, Банката ја реализираше исплатата на пензиите за месец декември, овозможувајќи навремено и непречено располагање со средствата во период кога финансиската сигурност е од особено значење.
Со оваа активност, АЛТА Банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон континуирано унапредување на квалитетот на услугата, грижата за клиентите и обезбедувањето стабилно, сигурно и навремено банкарско работење. Банката ќе продолжи да ги следи потребите на своите клиенти и да креира решенија кои придонесуваат за нивна поголема финансиска сигурност.
АЛТА Банка им посакува на сите клиенти среќни празници, добро здравје и успешна Нова 2026 година.

