Фондот на ПИОМ (Пензиски и инвалидски осигурителен фонд) ги известува сите корисници на пензија дека средствата за исплата на пензиите за месец декември 2025 година се целосно обезбедени.
– Како институција одговорна за исплата на пензиите и обезбедување на правата од пензиското и инвалидското осигурување и социјалната сигурност на пензионерите, Фондот навремено ги заврши сите подготовки за непречена реализација на исплатата.
За оваа намена се обезбедени средства во вкупен износ од 9.289.521.686,00 денари – девет милијарди 289 милиони 521 илјади 686 денари – за вкупно 340.156 корисници на пензија.
Поради тоа што 1 јануари е неработен ден – државен празник, средствата ќе бидат префрлени до деловните банки на 2 јануари 2026 година, појаснуваат од Фондот на ПИОМ.
Известувањата со прецизните податоци за бројот на пензионери и соодветните износи ПИОМ веќе ги доставил до сите деловни банки, со што се гарантира дека процесот на исплатата ќе се одвива ефикасно и без доцнење.
– Фондот на ПИОМ ја користи оваа прилика да им ги честита претстојните новогодишни и божиќни празници на сите пензионери и граѓани на Република Македонија и да им посака сè најдобро во Новата 2026 година, се додава во денешното соопштение.

